јануари 16, 2025

Привршуваат подготовките по повод претстојниот христијански празник Богојавление – Водици. Ова беше денес констатирано на координатиовниот состанок кој се одржа во просториите на Општина Охрид.

Од утре започнува китењето на централното градско подрачје и пристаништето со зеленило и верски знамиња. Викендов е исчистен делот од езерото и кејот каде ќе бидат сместени капачите и каде ќе се одвива полагањето на Светиот крст.

На 19-ти јануари, богослужбите во охридските парохиски цркви ќе започнат во 7 часот наутро. Оваа година Свети Литургии со почеток во 8:15ч. ќе се одржат во четири парохиски цркви; Успение на Пресвета Богородица – Каменско, Св. Никола- Геракомија, Св. Никола- Долна Влашка Мала и Св. Георгија- Горна Влашка Мала. Литијата кон градското пристаниште ќе се упати во 9:45 часот. Светиот крст во водите на Охридското Езеро ќе биде положен во 10:00 часот од градското пристаниште, а чинот на полагањето ќе го изврши Неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г Стефан!

По церемонијата за осветување на водите од Охридското Езеро, за доброто празнично расположение, на градскиот плоштад е предвидена богата музичка програма. Свои настапи ќе имаат: Сузана Спасовска, Бојана Скендеровски, Миле Кузмановски и групата ДНК, со композиции од музичкиот проект „Македонијо во срце те носиме“.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK