април 20, 2026

Дедото ги отфрла обвинувањата за негрижа како причина за смртта на близначињата
Семејството од село Славеј, прилепско една година како било доселено тука, раскажуваат денеска мештаните пред камерата на Сител и МРТ. Дедото на двете починати близначиња негира дека починале поради премрзнатост.

Што се случи кажете ни?
Вечерва поминало машкото, вчера го однеле на болница исправно било, по грешка на лекарите било, зошто така?

Како живее вашиот син и снаа, сиромашни ли се, работат ли?
Земаат некој денар, јас што им треба им помагам, некако излегуваме на крај.

Луѓето зборуваат дека починале од неуранетост, од ладно?
Нека не јадат со муцката, лажат, влези да видиш топло. Влези да видиш топло е.

А од што починаа дечињата?

Ами малечки беа, не знам, наеднаш, не знам како…

А другото го однесоа вчера на болница, сестрата му клала инекција и починало по грешка..

Машкото починало тука, а женското во болница?

Овде женското, а машкото на болница го однесоа живо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK