април 20, 2026

Со пригодни настани на две локации на 19 јануари (недела) во Општина Аеродром ќе се одбележи верскиот празник Водици или Богојавление, денот кога Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан.

Светиот крст во 11 часот ќе биде фрлен од мостот во водите на Маркова Река во организација на црквата „Св. Петар и Павле“ од Горно Лисиче, за каде се имаат пријавено околу 40 учесници.
Потоа, во 12 часот, црквата „Св. Троица“ од Долно Лисиче ќе одржи свечен чин на езерото во рамките на комплексот „Јасика“, каде ќе има околу 20 учесници, меѓу кои и една девојка. Ги повикуваме аеродромци заеднички да го прославиме овој значаен христијански празник и да им дадеме поддршка на сите учесници, велат од општината.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK