април 20, 2026

Менаџерот на Челзи, Енцо Мареска, смета дека двајца централни дефанзивци не се доволно добри за неговиот тим.

Извори блиски до Челзи откриваат дека Мареска не е убеден во квалитетите на Тошин Адарабиојо и Аксел Дисаси и дека Челзи е отворен за преговори во актуелниот преоден рок.

Адарабиојо летово пристигна како слободен играч на „Стенфорд Бриџ“ од Фулам, додека Челзи за Дисасио летото 2023 година за трансфер од Монако плати дури 45 милиони евра.

Дисаси (26) оваа сезона во Премиер лигата настапи на само пет натпревари, додека останатите 11 дојдоа во помалку важни натпревари во Конференциската лига, Лига купот и ФА Купот.

Нешто поголема минутажа имаше една година постариот Адарабиојо, кој одигра 10 натпревари во Премиер лигата, најмногу откако се повреди Весли Фофана.

Share

The post Мареска отпишал двајца централни дефанзивци appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK