септември 23, 2024

Денеска во раните утрински часови, поточно во 00.45 часот на подрачјето на Драчево од полициски службеници бил лишен од слобода З.П.(48) од Скопје.

Според полицијата, тој агресивно се однесувал кон лекар во Поликлиниката Драчево.

Имено според пријавеното, тој околу 00.20 часот во Поликлиниката Драчево агресивно се однесувал кон лекар и се обидел физички да го нападне, по што скршил прозорско стакло во холот.

Бил приведен во полициска станица, при што во службен разговор во целост го признал извршеното кривично дело.

Во координација со Јавен обвинител, по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија надлежните.

The post Агресивен скопјанец се обидел да нападне лекар во Поликлиниката Драчево appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK