септември 23, 2024

Германија има потреба од увоз на работна сила. Германските власти ја разгледувата опцијата да ја удвојат квотата за доселување на неквалификуван кадар во земјата. Таргет се заинтересираните лица од Македонија, Србија, БИХ, Косово, Албанија, Црна Гора. Тие треба да ги пополнaт празните работни места, вака барем пишува во предлог законот кој го има на увид германската новинска агенција ДПА.

Според документот се олеснува и процедурата за добивање на германско државјанство. Тоа значи дека странците не мора да се откажат од пасошот на матичната земја. Ваквите олеснувања дополнително ќе ја испразнат државава, сметаат домашните стопанственици. Велат дека ова треба да биде аларм за владата да преземе нешто и да се обиде да ги задржи работниците тука особено младите.

Според досегашната статистика, во Германија недостасуваат 400.000 луѓе годишно за да може да функционира економијата, здравството и негата на стари лица. На пример, на националната железничка компанија оваа година има потреба од нова работна сила. Бараат дури 25.000 работници. А, поради тоа што германскиот јазик е пречка за повеќе работни места , англискиот полека но сигурно станува официјален јазик.

The post Германија има потреба од работници за кои ќе има олеснета процедурата за државјанство appeared first on 24 Инфо.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK