април 20, 2026

Екипите на ЕСМ Дистрибуција, утринава ги завршија активностите за санирање и отстранување на дефектот на магистралниот вод А во општина Центар.

Од ЕСМ дистрибуција велат дека по завршувањето на овие интервенции, во тек се активности на полнење на топловодите, со што испораката на топлинска енергија до потрошувачите кои се снабдуваат од тој магистрален вод се нормализира и се обезбедува стабилно и непрекинато снабдување за сите потрошувачи во општина Центар со топлинска енергија.

Во текот на вчерашниот ден поради дефект во топловодната мрежа голем дел скопски општини останаа со ладни радијатори, на што скопјани нервозно реагираа.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK