Андреас Гарсија, поранешен играч на Леванте, е новото засилување за Астон Вила.
Шпанецот кој има 21 година игра на позицијата десен бек или десно крило. За првиот тим дебитираше во 2022 година и досега постигна четири гола на 46 натпревари.
Според информациите на британските медиуми, Вила за трансферот издвои шест милиони фунти плус еден милион за бонуси.
Гарсија е второто засилување за тимот од Бирмингем во зимскиот преоден рок. Пред него од Борусија Дортмунд пристигна Дониел Мален.
The post Астон Вила донесе засилување од Шпанија appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
