април 20, 2026

Во првиот натпревар од седмото коло во Лигата на Европа на УЕФА немаше победник во дуелот меѓу Галатасарај и Динамо Киев. Украинците го освоија првиот бод во групната фаза, натпреварот заврши 3.3.

Домашните двапати имаа водство од два гола, но на крајот Украинците успеаја да освојат бод.

Галатасарај поведе со 2:0 по нешто повеќе од 20 минути со головите на Дејвисон Санчез во шестата минута и Абдулкерим Бардакчи во 21. минута. Сепак, во последната минута пред паузата, гостите намалија со голот на Владислав Ванат.

Виктор Осимхен ја врати предноста од два гола на турскиот клуб во 53. минута, но ветеранот на Динамо, 35-годишниот Андриј Јармоленко постигна два гола во 68. и 81.минута.

Галатасарај е петти во поредокот на Лига Европа со 13 бода. Динамо Киев е последен со еден бод.

Share

The post (Видео) Ветеранот Јармоленко го шокира Галатасарај appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK