април 20, 2026

Фудбалерите на Монако и Аталанта со победи го отворија седмото коло во Лигата на шампионите. Монако ја победи Астон Вила (1:0), додека Аталанта го декласира Штурм (5:0).

Еден гол, постигнат во раната фаза го реши победникот во Монте карло. Вилфред Синго го совлада Емилијано Мартинез во осмата минута. До крајот на натпреварот Астон Вила го контролираше поседот, но Монако имаше подобри шанси.

На крајот од овој натпревар двете екипи имаат по 13 бода и во последното коло ќе се борат за Топ 8, откако обезбедија пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Аталанта, особено во вториот дел го декласира Штурм. Ла Деа по првиот дел имаше предност со голот на Ретеги, а во вториот дел одбраната на Штурм капитулираше уште четири пати. Стрелци беа Пашалиќ, Де Кетеларе, Лукман и Брешанини.

По оваа победа, италијанскиот тим стигна до третото место на табелата со 14 бодови, додека Штурм остана со само три, што значи дека ги загуби сите шанси пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите.

Share

The post (Видео) Монако ја победи Астон Вила, Аталанта го декласира Штурм appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK