април 20, 2026

Пребарај..

МАКФАКС
МАКФАКС

МакедонијаСинот за Водици го фати крстот, а таткото следниот ден освои џекпот – радост кај македонско семејствоОбјавено пред 28 минути – 22 јануари, 2025Од Е. Т. / Макфакс

Македонско семејство деновиве празнува.

dobivaj vesti na viber
Синот го фатил крстот за Водици, а таткото освоил милионер-џекпот, вреден 1.433.724 денари следниот ден, информира Државната лотарија.

Се работи за луѓе што силно веруваат во традицијата, а таткото е човек со големи соништа и верба дека на добрите луѓе им се случуваат убави работи.

Се додава дека на добивката се радува целото семејство, а ќе ја потрошат за убави работи во домот.

„Милионер џекпот-добивката вредна 1.433.724 денари е освоена на видеолотарските терминали кај нашиот деловен соработник ‘Евротип’“, додаваат од Државната лотарија, а на семејството му честитаат за освоената добивка.
MaxFaks

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK