Словенија ја забележа првата победа во втората фаза на Светското првенство во ракомет. Словенците ја победија ргентина со 34:23. Натпреварот мина во сенка на тешката поведа Нејц Цехте.
Ракометарот на Еурофарм Пелистер се повреди во седмата минута. Беше во пробив, во обид да постигне гол, доби силен удар во пределот на рбетот. Остана да лежи на теренот, лекарските екипи веднаш интервенираа. Прекинот траеше десетина минути, а Цехте на носилки беше однесен од теренот.
Засега нема никави други информации околу повредата.
Ова е голем удар за Еурофарм Пелистер во пресрет на натпреварите во Лигата на шампионите.
The post Победата на Словенија во сенка на тешката повреда на Цехте appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
