По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021 до 31.12.2024 година
Реконструкција ( замена на метални цевки со нови полиетиленски фи 300 ) на дел од водоснабдителен систем “Св.Еразмо”, во должина 180 метри, вредност 3.782.826 денари.
ОРОВНИК
Реконструкција и адаптација на влезниот дел од училишната зграда, вредност 587.300 денари,
Асфалтирање на три улици, во должина од 900 метри,
Поставување на топловодно греење со топлинска пумпа во училиштето,вредност 793.123 денари,
Санација на спортското игралиште во училишниот двор и поставување на рефлектори, вредност 508.344 денари
Уредување на просторот кај селската чешма,прва фаза / завршена/ и втора фаза/при крај/.
ГОРЕНЦИ
Изградба на тротоар на главната влезна улица во селото,во должина од 529 метри, вредност 2.615.598 денари
Асфалтирање на три улици и патот до црква “Св.Атанасије”, во должина од 700 метри
ТРЕБЕНИШТА
Реконструкција на задружниот дом / 2 фаза, вредност 3.799.000 денари
Изградба на детско игралиште, вредност 2.605.212 денари
Асфалтирање на улица , во должина од 152 метри, вредност 599.754 денари
Асфалтирање на патот од поштата до црквата “Св.”Недела”,во должина од 200 метри
Тампонирање на полски пат, во должина од 700 метри, вредност 999.391 денари
Осветлување на дел од патот Требеништа- Волино,во должина од 700 метри,вредност 560.300 денари
ВОЛИНО
Реконструкција на улици, во должина од 1394 метри / во тек/ , вредност околу 34 милиони денари
Изградба на пумпна станица број 3 од канализационен систем, вредност 2.831.604 денари
Асфалтирање на улица во должина од 280 метри,вредност 1.
246 474 денари
тампонирање на пристапен пат,
во должина од околу 750 метри, во местноста “Аџица”,
Тампонирање на полски пат од местноста “Врпче” до местноста “Ѓорамидница”, во должина од 1,1 км.
Поставување на рефлектори на спортскиот полигон.
МЕШЕИШТА
Реконструкција на фудбалско игралиште и соблекувална, вредност 1.359.537 денари
Асфалтирање на две улици, во должина од 452 метри, вредност 1.730.364 денари
Изградба на 13 секундарни канализациони краци,во вкупна должина од 1.340 метри и 41 ревизиона шахта,вредноста 6.802.682 денари или околу 110.000 евра,
Во функција ставена е новата вертикална центрифугална пумпа и командна табла во пумпната станица за водоснабдување на селото, вредност 771.040 денари.
КЛИМЕШТАНИ
Реконструкција на објект на месна заедница, вредност 1.003.000 денари
БОТУН
Реконструкција на улица, во должина од 182,5 метри, вредност 878.047 денари
Реконструкција на објект на месна заедница/поранешна селска продавница, вредност 2.022.225 денари
Заградување на училишниот двор и уредување на мини детско игралиште,вредност 335.710 денари,
Поставување на јавно осветлување до манастирската црква Св.Богородица-900 метри кабел и 18 сијалични места/вандерми,
БЕЛЧИШТА
Завршување со реконструкцијата на старата касарна, проект consse-pp, прегугранична соработка Македонија-Грција
Реконструкција на административна зграда на општината / 1 фаза, вредност 4.461.007 денари
Реконструкција на административната зграда на општината /2 фаза,вредност 5,5 милиони денари
Асфалтирање на пат до црква “Св.Јован”, во должина од 93 метри, вредност 423.721 денари и уличка, во должина од 26 метри, вредност 98.463 денари
Уредување/бетонирање на речното корито во центарот на селото,во должина од 150 метри,вредност 764.050 денари
ЗЛЕСТИ
Се изгради модерен мултифункционален спортски полигон и санација на споменикот во центарот на селото, вредност 3.998.872 денари
Регулација на каналот за наводнување, во должина од околу 360 метри, вредност 1.056.000 денари
ЛЕШАНИ
Изградба на фекална канализација/ 1 фаза, вредност 15.682.500 денари
БРЕЖАНИ
Завршување со реконструкција на стара училишна зграда и пренамена во планинска куќа, проект прегугранична соработка Македонија-Албанија, вредност 7.903.133 денари
ЦРВЕНА ВОДА
Асфалтирање на пат до “Бела Каса”, во должина од 174 метри, вредност 691.520 денари
СЛИВОВСКИ АНОВИ
Санација на Спомен чешма и уредување на просторот, вредност 235.762 денари
СЛИВОВО
Реконструкција на каптажа и нов водоводен крак, во должина од 400 метри, вредност 468.608 денари,
Тампонирање на патот до црквата Св.Атанасије,во должина од 550 метри
ВРБЈАНИ
Санација на кровна конструкција на Селски дом, вредност денари 432.470 денари
Тампонирање на две улички,во должина од 120 метри
ГОДИВЈЕ
Асфалтирање на улица , во должина од 144 метри, вредност 561.786 денари
Санација на кровната конструкција на Селскиот дом,вредност 751.778 денари
Уредување со бекатон плочки на просторот кај црквата Св.Вартоломеј,површина 950 м2,вредност 1.391.220 денари
ЛАКТИЊЕ
Регулација на главен канал за наводнување, во должина од 132 метри, вредност 313.054 денари
Асфалтирање на селскиот плоштад и дел кај мостот на патот кон село Годивје,вредност 1.658.549 денари,
АРБИНОВО
Изградба на водоводен крак, во должина од 300 метри и водоводен крак, во должина од 900 метри , вредност 300.000 денари
Набавка на нова пумпа за водоснабдување
ПЕСОЧАНИ
Асфалтирање на главната улица,во должина од 1,1 км,вредност 3.463.123 денари
ОЗДОЛЕНИ
Асфалтирање на улица од центарот на селото до црква Св.Никола,во должина од 200 метри,вредност 794.904 денари,
СЛАТИНО
Асфалтирање на две улички,во должина од 130 метри,
ВЕЛМЕЈ
Асфалтирање улица во должина од 110 метри и рехабилитација/повторно асфалтирање на спортското/одбојкарското игралиште пред селскиот дом,вредност 679.722 денари
Осветлување на Светиот Крст, во црквата “Св.Спас “.
ИЗДЕГЛАВЈЕ
Со гребен асфалт тампониран е патот до црквата “Св.Димитрија”, во должина од 1 км.
СОШАНИ
Тампонирање на патот од село Сошани до црквите “Св.Ѓорѓија” и “Св.Никола Талалеј “, во должина од 1 км
ГРКО ПОЛЕ
Тампониран е патот во местноста “Средно Поле”, КО-Лешани,на потегот од асфалтираниот пат за село Грко Поле до поранешната воденица, во должина од околу 570 метри.
НОВО СЕЛО
Пробивање, чистење од околните дрвја,порамнување, валирање на подлото и тампонирање на патот од црквата Св.Богородица до изворите на блатото, во должина од околу 1 км.
ИЗВРШЕНО Е
Крпење на ударни дупки на асфалтните коловози на пат село Издеглавје-село Слатино, село Сливово-село Мраморец, пат за село Црвена Вода и улица во село Волино, вредност 255.446 денари
Тампонирање со гребен асфалт на банкини на пат село Мешеишта-село Волино и дворно место на црква “Св.Василиј”, село Белчишта
Поставување на настрешници на автобуски стојалишта во село Велмеј, село Лешани и село Злести, преку проект за прекугранична соработка Македонија-Албанија
Набавка на 323 канти за комунален отпад, 240 литри, програма за рамномерен регионален развој и 78 канти од 12о литри преку Министерството за животна средина
Редовно и навремено зимско одржување ( чистење на снег ) на општинските патишта и улици, одржување на јавното осветлување , косење на крајпатната вегетација и одржување на јавните површини
Чистење на диви депонии ( во м.в.”Селиште” и м.в.”Чифлиска Краста”-село Белчишта, кај фудбалско игралиште село Лешани, на влез село Годивје, кај брана на река Сатеска, село Волино, кај мост на патот село Волино-село Требеништа и др. )
И ВО ИЗМИНАТИТЕ 3 ГОДИНИ НАВРЕМЕНО И КОНТИНУИРАНО
Доделувавме ученички и студентски стипендии
Награди првенец и ученици на генерација во основното училиште
Еднократна финансиска поддршка за талентираните ученици и спортисти
Воведовме еднократна финансиска поддршка од по 5.000 денари за секое запишано прваче и за секој полуматурант
Субвенции за купување нов велосипед
Еднократна финансиска поддршка за склучен брак и за новороденче, доделивме 100.000 денари на родителите на трите новороденчиња-близначиња
Еднократна финансиска поддршка за лекување,претрпена материјална штета и за лица изложени на социјален ризик,
Финансиска поддршка за спортските клубови, спортски манифестации ,верските манифестации и здруженија на граѓани
Организиран превоз за спортските екипи и екскурзии на учениците
Субвенции за општински линиски превоз на патници
Преземен е долгот на ЈПКД “Дебрца” за електрична енергија, во износ од 19.350.511 денари и истиот редовно се сервисира од општината
Општината го презеде плаќањето на тековните сметки за електрична енергија за сите пумпни станици за водоснабдување и редовно ги плаќа,со што обезбедуваме стабилност во водоснабдувањето
Исплатен е долгот на општината за изработка и донесување на урбанистички планови за 11 села, во износ од 16 милиони денари
Со проектните активности на Здружението за екологија и туризам “Еко-туризам 2016” подготвена е и поднесена до Министерството за животна средина потребната документација за прогласување на Белчишкото Блато “Сини Вирој” за заштитено подрачје, а Владата донесе одлука за потребата од прогласување на Белчишкото Блато за заштитено подрачје, Парк на природата
Отворен е Изложбениот центар на Белчишко Блато / природонаучна и етнолошка збирка,
На минимум ги сведовме непродуктивните трошоци / и во изминатите три години трошоците за репрезентација и службени патувања на градоначалникот изнесуваат нула денари.
И пред се и над се, финансиската 2024 година ја завршивме без долгови и со историски највисоко позитивно салдо, што претставува приближно едногодишен буџет на општината остварен од изворните приходи.
Во 2025 година продолжуваме со нови проекти.
<“>








