Антоан Гризман објасни како одбрал да ја исфарба својата коса во розева боја, тој вели дека по неговата фризура може да се познае кога е среќен.
Гризман неодамна изненади со својот имиџ откако на теренот се појави со розева коса.
„Од мојата фризура можете да видите дали сум среќен или не. Од мал сум таков. За бојата дилемата беше дали да биде сина или розева. Имаме три девојки дома (неговата сопруга и двете ќерки) и ние сме двајца машки (тој и неговиот син), гласавме и розевата победи“, открива Гризман.