април 21, 2026

Фудбалерите на РФС од Летонија ја постигнаа својата историска прва победа во групната фаза од едно европско натпреварување. Летонците го победија славниот Ајакс со 1:0 (0:0).

Се подразбира дека тимот од Амстердам беше апсолутен фаворит, но се посрамоти во Рига.

Херој на РФС беше Финецот Адам Маркиев, кој во 78. минута практично ја искористи единствената шанса на домашните и ја претвори во голема победа.

РФС сега има пет бода, но иако нема шанси да напредува, слави огромен успех и испишува историја на летонскиот фудбал.

Ајакс е на 16. позиција и оди во последното коло со 10 освоени бодови.

Share

The post (Видео) Ајакс поразен во Летонија, историски триумф за РФС appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK