декември 26, 2024

Непоразениот легендарен борец Хабиб Нурмагомедов донесе изненадувачка одлука односно целосно да се повлече од ММА спортот.

Нурмагомедов веќе две години е пензиониран од борбите, а сега реши да ги напушти тренинзите и да ја води својата ЕФЦ промоција.

Главната причина за оваа одлука е да се посвети на семејството. Дагестанецот се решил на овој чекор бидејќи со години го запоставувал семејството поради неговата кариера, кое го сочинуваат неговата сопруга Патимат и трите деца, синовите Магомед и Хусеин, ќерката Фатима.

Познатиот борец од Русија е еден од најдобрите борци што некогаш се појавиле во светот на ММА. Тој ги доби сите 29 борби, а се пензионираше во октомври 2020 година по борбата со Џастин Гетје поради ветувањето на мајка му дека нема да се бори повторно по смртта на неговиот татко Абдулманап.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK