WhatsApp го прославува почетокот на новата година со најава на неколку нови функции, кои сега се и официјално достапни.
За почеток, WhatsApp добива ефекти за камерата. Истите 30 позадини, филтри и ефекти што беа објавени минатата година за видео повици сега може да се користат и за уредување на фотографиите на корисникот.
sharing stickers is half the fun
now you can send any of your sticker packs directly in your chats
— WhatsApp (@WhatsApp) January 14, 2025
Дополнително, корисникот сега може да го претвори своето селфи во стикер. Откако ќе кликнете на „Create sticker“, добивате опција за камерата да креирате селфи на лице место, а потоа да креирате стикер. Оваа опција е достапна за Android и наскоро ќе биде достапна за iOS.
Сега е можно и споделување пакети со стикери директно преку WhatsApp. Конечно, можно е да се реагира на порака со двојно допирање, а има и брзо лизгање низ најчесто користените реакции.
Оваа опција значително ќе го забрза одговорот на пораките, што ќе биде корисно за оние кои често ја користат гореспоменатата опција.
The post WhatsApp го олеснува одговорот на пораките appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде

now you can send any of your sticker packs directly in your chats