април 21, 2026

Тренерот на Мачестер јунајтед, Рубен Аморим, го пречкрта Маркус Рашфорд. Крилниот напаѓач мора да најде клубб до крајот на преодниот рок, во спротивно до крајот на сезоната само како гледач ќе може да ги следи натпреварите на „црвените ѓаволи“.

Рашфорд се поврзуваше со Милан, но таа комбинација отпадна откако италијанскиот клуб реши да го ангажира неговиот сонародник, Кајл Вокер.

Сега во комбинација за Рашворд влезе Барселона. Наводно фудбалерот изразил желба да се пресели во Шпанија, меѓутоа работите за реализиција на трансферот се сложени.

Најголем проблем претставува платата на Рашфорд. Годишната нето плата на Рашфорд изнесува 13 милиони евра. Барселона нема намера да издвои толку пари. Решението е Рашфорд да добива по пола платата од двата клуба.

Оваа комбинација за Јуанјтед е прифатлива, за Барселона не. Каталонците се обидуваат да го намалат износот што би му го плаќале на Рашфорд,. Засега нема информации дека Рашфорд и неговиот менаџер ќе го прифатат овој предлог.

Share

The post Платата го кочи трансферот на Рашфорд во Барселона appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK