април 21, 2026

Манчестер јунајтед славеше синоќа на „Крејвен Котиџ“ против Фулам (0:1), а Маркус Рашфорд повторно не беше дел од таа победа.

Рубен Аморим по којзнае кој пат по натпреварот проговори за англискиот репрезентативец, а овој пат на медиумско прашање со својата изјава го понижи поранешниот англиски репрезентативец.

„Попрво би го ставил тренерот на голманите Витал во игра отколку играч кој не го дава максимумот секој ден. Кој не го дава најдоброто од себе на тренинзите, во животот, во секој детаљ“, изјави Аморим.

Откако Португалецот пристигна во Манчестер јунајтед, Рашфорд повеќе време минува на трибините откулно со тимот. Во тек се преговори за неговата иднина во клубот, а Барселона и Борусија Дортмунд се заинтересирани за крилниот напаѓач.

Share

The post Аморим за Рашфорд: Попрво би го ставил тренерот на голманите во игра appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK