април 21, 2026

Почитувани припадници на српската заедница, во мое лично име и во името на Општина Охрид ви упатувам искрени честитки по повод празникот Свети Сава, еден од најголемите духовни и културни светители во православието.
Српската заедница во Охрид и Македонија е значаен дел од мултиетничкиот мозаик на нашето општество, со кој се гордееме. Вашиот придонес во зачувувањето на културата и вредностите е непроценлив. Во духот на заедничкото живеење, вие постојано покажувате дека различноста е предност што ја збогатува нашата традиција. Празникот на вашиот патрон, нека не потсети на вистинските животни вредности, кои тој ги промовираше: мир, љубов, мудрост и взаемна почит.
Со желби за многу здравје, личен напредок и успех, ви посакувам денешниот празник да го прославите со голема радост и сплотеност. За многу години!

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK