Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ има посебен режим на исхрана, а за појадок сака да јаде една храна.
Сите знаеме дека Ноле е голем професионалец кој се труди да донесе се во најдобар ред во сè што прави. За подобри перформанси на своето тело, тој се труди секој ден да јаде што е можно поздрава храна, избалансирани производи кои му даваат сила и леснотија на движење.
Неодамна пишувавме за жената која му готви на Новак и се грижи за неговата исхрана, како и за специјалната диета која ја следеше тенисерот, а сега дознаваме без кои намирници Ноле не го започнува денот и како изгледа неговиот појадок .
“Мојата омилена храна за појадок е овошјето и зелените смути. Не можам да го започнам денот без тоа”, открил еднаш Новак.
Исто така, Ѓоковиќ откри која храна е клучна за неговото опоравување во периодот на пауза за време на натпреварот.
„Тенисот е различен спорт од кој било друг бидејќи нема исти физички барања. Во тенисот мечот може да трае и до пет часа, за време на натпреварите најмногу јадам урми, понекогаш малку банана, но најмногу урми и вода и два различни енергетски пијалаци и тоа е тоа. Верувам во психата, во емоциите“, изјави еднаш тенисерот.
Следете не, не има насекаде