април 22, 2026

Уапсен маж од Виница, влијаел на сведоци во рочиште против него.

Како што известија од полицијата, вчера во 13.45 часот во Виница, полициски службеници од ОВР Виница го лишиле од слобода П.Т.(32) од село Јакимово, виничко, поради сомнение дека сторил кривично дело „незаконито влијание врз сведоци“ по член 368 – а став 1 од Кривичниот законик.

Околу 08.30 часот во селото, тој со две возила го блокирал возилото на сопружниците П.Т. и М.Л. од село Јакимово и на тој начин ги оневозможил да присуствуваат на судско рочиште во кое требало да сведочат против него. Според пријавеното, притоа тој им упатувал и закани да не се појавуваат на суд.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од полцијата.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK