декември 24, 2024

Не трчајте на лекар штом почнете да кивате, или ве заболи грлото. Попаметно е да останете дома, да се затоплите и да подготвите некои природни проверени рецепти во борба против настинката.

 

 

 

Лимонот и витаминот Ц се задолжителни

Кивањето и малаксаноста се знаци дека се подготвува настинка. Зголемете го внесот на витамин Ц на еден грам три пати на ден. Парете се над топла вода во која сте ставиле лимонов сок. Вирусните настинки ја мразат влагата, а сокот од лимон делува како природен антибиотик.

 

Зачини и купки

Ако не ја спречите настинката, во почетната фаза обидете се со потење. Отровите излегуваат со потта, а покачената телесна температура ги убива микробите. Лековитите тревки кои што греат и смеса од јаки зачини ќе ви ја подобрат циркулацијата. Помешајте во еднакви количини ѓумбир, пиперка и каранфилче во прав со лажиче мед. Или, земете едно лажиче од таа смеса во чаша топла вода со мед пред спиење. Пробајте и да ги потопите стапалата во купка од сенф. Во леген со топла вода ставете малку сенф во прав, додајте сода бикарбона и потопете ги нозете.

 

Против кашлица – прополис

Најдобро средство против кашлица е прополисот. Содржи богата мешавина од витамин Б и минерали. Дури и лажиче мед пред спиење е доволно за да се смири кашлањето. Во медот можете да ставите и издробен лук. Доколку осетите дека кашлицата е упорна, пијте повеќе чај од липа.

 

За црвено грло – лимон и мед

Жежок лимон и мед се испробан рецепт со кој се смирува болното и црвено грло. Правете гаргара со потопла течност, бидејќи така ги убивате бактериите. Сварете вода и сол и што почесто во текот на денот правете гаргара со тој раствор. Болката и воспалувањето би требало бргу да поминат.

 

За затнат нос добра е акупунктурата

Инхалирајте есенцијални масла од еукалиптус, мајчина душица, бор, лимон и лаванда. Ставете по една капка од секое масло во чинија со топла вода. Маслата делуваат асептично и прочистуваат. За посилно затнување на носот пробајте со акупунктура, ставете ги палците и показалците на две точки на лицето, под јагодиците, точно под зениците, а делот кој е оддалечен еден прст широчина од врвот на носот измасирајте го со благи движења.

 

Одбирајте ја храната

Избегнувајте млечни производи, јајца, шеќер и сок од портокал, бидејќи поттикнуваат создавање на слуз. Јадете лук и кромид за да го подобрите имуниот систем.

 

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK