февруари 18, 2025

Утре советниците ќе одлучуваат Домот на културата во „Кошишта“ да го носи името на почитуваниот охридски културен и просветен работник Методија Бараковски-Менде.

Со цел да се оддаде достојна почит и вечен спомен на почитуваниот охридски културен и просветен работник Методија Бараковски-Менде на моја лична иницијатива до Советот на Општина Охрид поднесена е Предлог одлука за Домот на културата во Урбана заедница „Кошишта“ да го носи неговото име.
Предлог одлуката за новиот назив на културниот објект кој е во сопственост на Општина Охрид е доставена како дополнување на дневниот ред на 52 рата седница на Советот на Општина Охрид, која ќе се одржи утре. Ги повикувам советниците да гласаат за усвојување на оваа точка.

Познатиот професор по виолина Методија Бараковски – Менде и долгогодишен раководител на КУД „Ѓердан“ и хорот „Распеано ѓерданче“, почина минатата седмица во 82-та година од животот. Бараковски беше еден од најистакнатите дејци од културниот и музичкиот живот во Охрид.

Целиот свој работен век тој го посвети на најмладите таленти во нашиот град. Охриѓани секогаш ќе се сеќаваат и ќе го почитуваат неговиот придонес во зачувување на македонската традиција и културните вредности.- стои во објавата на градоначалникот Кирил Пецаков.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK