Актуелниот италијански првак Милан имаше чиста победа во рака во дербито со Рома, зашто водеше со два разлика, а римјаните цели 86 минути немаа шут на гол, но на крај на радост на Наполи, „волчицата“ успеа магично да се врати и да освои бод во супер-завршницата за реми 2-2 на „Сан Сиро“.
Наместо на минус пет од Наполи и второ место, Милан остана трет на минус седум со исто бодовно салдо како најтрофејниот клуб Јувентус и само поради невидениот пад на концентрацијата на „росонерите“ во самата завршница од мечот.
<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>
Тами Абрахам во третата минута од судиското надополнување обезбеди реми после центаршут во шеснаесетникот, само шест минути откако од првиот директен удар Ибањез ја врати Рома во мечот после еден корнер. До таа 87 минута и корнерот, Рома немаше директен шут во рамките од голот, а Милан имаше сѐ за нова победа, ама..