февруари 20, 2025

Синоќа во 19.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, кај влезот за с.Глоѓи, се случила собраќајна несреќа помеѓу три возила од кој еден од возачите се здобил со тешки повреди.

!Сообраќајка се случила помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(24) од с.Гургурница, патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(20) од с.Доброште и патничко возило ,,Тојота јарис“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(54) од с.Доброште„, информира СВР Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на Д.Ш., констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK