февруари 21, 2025

Мигранти пронајдени затворени во приколка на возило. Случајот во полиција го пријавил возач на товарно возило кој ги слушнал нивните гласови.

– На 29.01.2025 во 19.00 часот во СВР Струмица, возач на товарно возило пријавил дека откако го паркирал возилото на паркинг простор, слушнал гласови и тропање во приколката од возилото. Полициски службеници од Полициската станица Струмица и Регионалниот центар за гранични работи Југ излегле на местото, а екипа од Царинската управа ја отстранила пломбата и во приколката биле пронајдени четири лица мигранти, од кои двајца од Пакистан и двајца од Сирија, соопштија од полицијата,

Се работи на расчистување на случајот.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK