По блескавата игра и победата над Франција, хрватскиот голман Доминик Кузмановиќ притрча до својата девојка и страсно ја бакна.
Двојката не можеше да ги сокрие емоциите откако Хрватска се пласираше во финалето на Светското првенство во ракомет.
И на претходните мечеви девојката од трибините му даваше поддршка на Кузмановиќ.
А тој по пласманот во четвртфиналето на Светското првенство истрча до својата девојка која беше на трибините.
И победата над Словенија ја прослави со бакнеж. Истото го направи откако ги победија Унгарците. Убавата бринета која го заведе Доминик по професија е економист, а Доминик нема фотографии со неа на својот Инстаграм профил, па не се знае многу за неа, пренесуваат хрватските медиуми.
The post Кузмановиќ по победата истрча до својата девојка и страсно ја бакна appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде