април 22, 2026

Парното поскапува за 5,03 проценти, соопшти денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) Марко Бислимоски.

Како причина за поскапувањето Бислимоски го наведе зголемувањето на цената на природниот гас на светските берзи и намаленото производство на ТЕ-ТО кое наместо 60 отсто учествувало со 51 отсто во производството на топлинска енергија.

Според него, со новата цена оние кои плаќале сметка за парно од 2.100 денари, во иднина ќе ги чини 2.200 денари.

Новите цени стапуваат на сила од утре, први февруари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK