април 22, 2026

Манчестер сити не завршиле со активностите во зимскиот преоденр рок. На „Етихад“ пристигнаа тројва нови фудбалери, четвртиот би можел да биде Нико Гонзалес.

Нико Гонзалес е голема желба на Пеп Гвардиола. Менаџерот на Сити смета дека тој би бил одлична замена за Родри.

Нико оваа сезона брилјира во дресот на Порто. Шпанецот е еден од лидерите на тимот, кој ги покрива сите позиции во средниот ред. Според месиумите челниците на Сити ги започнале преговорите.

Порто би сакал да го задржи до крајот на сезоната, но во овој случај клубот од Португалија најмалку се прашува.

Имено, Нико во договорот има откупна клаузула од 60 милиони евра. Ако Сити ја активира клаузулата, Порто нема да може да реагира.

Интересно доколку трансферот се случи, 40 отсто од сумата (24 милиони евра) ќе добие Барселона.

Нико Гонзалес (23) во 2023 година за сума од осум милиони евра од Барселона замина во Порто. Барселона тогаш задржа право на 40 отсто од наредниот трансфер.

Сити во овој преоден рок ги доведе Витор Реис, Омар Мармуш и Абдукодир Хусанов.

Share

The post Сити подготвува уште еден трансфер, Нико Гонзалес од Порто appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK