Денеска (09.01.2022) во 01.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода М.С.(27) од Гевгелија.
За него била распишана потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Гевгелија, а бил баран за доиздржување на затворска казна од осум месеци за сторени кривични дела „телесна повреда” и „неизвршување на судска одлука”.
Лицето било спроведено во Затвор Гевгелија за доиздржување на казната.
The post Приведено лице од Гевгелија по распишана потерница поради бегство од затвор appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде