декември 24, 2024

Фудбалерот на Мартиник, Жан-Мануел Недра (29) и неговата партнерка беа уапсени на 31 декември на парискиот аеродром со повеќе од 100 килограми кокаин скриени во нивните куфери.

Играчот од средниот ред на Ајглон и повремен претставник на Мартиник и неговата партнерка пристигнале во Париз на последниот ден од минатата година, а при царинската проверка во нивниот багаж биле откриени 100 килограми кокаин, пишува „Ле Паризиен“.

Парот е изведен пред истражен судија, соопшти обвинителството. На фудбалерот му е изречена мерка притвор, а неговата придружничка е пуштена под правосуден надзор.

„Без знаење за неговата вмешаност, дознавме дека еден од нашите играчи е уапсен поради шверц на дрога“, соопштија од неговиот клуб.

„Да бидеме посилни од кога било, обединети во нашата борба и едукација преку спортот за да се бориме со ова зло. Мораме да ги заштитиме и предупредиме нашите млади за ризиците, последиците и злоупотребите на оваа средина“, додаваат од клубот.

Недра е добро познат во светот на мартиниканскиот фудбал, а досега има забележано 20 настапи за националниот тим.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK