Израелскиот министер за национална безбедност, Итамар Бен-Гвир, и нареди на полицијата да ги отстрани палестинските знамиња од јавните места.
Во синоќешната изјава Бен-Гвир оцени дека истакнувањето на палестинско знаме е „чин на поддршка на тероризмот“.
„Оние кои го прекршуваат законот и веат терористички знамиња поттикнуваат тероризам, па наредив да се отстранат знамињата што го поддржуваат тероризмот од јавниот простор“, рече Бен-Гвир.
Директивата на Бен-Гвир доаѓа откако минатата недела палестинскиот затвореник кој мина 40 годин во затвор за убиство на израелски војник во 1983 година, го вееше палестинското знаме по пристгнувањето во неговото родно место, во северниот дел на Израел
Следете не, не има насекаде