декември 22, 2024

 Бугарската политичка партија „Продолжуваме со промената“ претпладнево ќе го врати неисполнетиот втор мандат за формирање влада.

Вториот мандат му беше врачен на Николај Денков на 3 јануари. Од „Продолжуваме со промената“ уште пред да го добијат мандатот изјавија дека ќе го вратат исполнет доколку политичките сили застапени во парламентот се обединат околу приоритетните цели за државата. Во нацрт-декларацијата беа формулирани четири приоритети.

Од „БСП за Бугарија“ се изјаснија дека нема да го поддржат предложениот документ. Претставниците на левицата, „Демократска Бугарија“ и „Бугарски подем“ одговорија на средбата на покана на „Продолжуваме со промената“. Кандидатот за премиер Николај Денков најави дека проблемите главно се поврзани со односот кон војната во Украина и позицијата на Бугарија во тој конфликт, како и со изборниот процес.

Документот, предложен од втората по големина парламентарна сила, беше отфрлен   без расправа, со 63 гласа „за“, 84 „против“ и 30 воздржани. Документот беше поддржан од ПП и „Демократска Бугарија“. Против гласаа пратениците од ГЕРБ-СДС и „Преродба“, а воздржани од ДПС, „БСП за Бугарија“ и „Бугарски подем“.

Првиот мандат за формирање влада беше вратен од страна на кандидатот за премиер на ГЕРБ-СДС, Николај Габровски.

На отворањето на новата собраниска седница најголем дел од политичките сили во Бугарија изразија очекување дека со третиот мандат ќе се формира влада, јави БТА. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK