април 23, 2026

Размената меѓу Лос Анџелес Лејкерс и Шарлот Хорнетс е официјално поништена

Роб Пелинка, генералниот директор на Лејкерс, ги испрати Далтон Кнехт, Кам Редиш, пик од првата рунда (незаштитен) во 2031 година и заменски пик во 2030 година во Северна Каролина за да го донесе центарот Марк Вилијамс.

Сепак, размената нема да биде официјализиран бидејќи Вилијамс не ги поминал медицинските прегледи.

Вилијамс ќе се врати во Шарлот, а Кнехт и Редиш во Лејкерс, каде што раководството на франшизата сега има сериозна работа: да им посака добредојде и да им ги објасни причините зад нивниот трејд.

Згора на се останаа без центарот на кој сметаа за плејофот и нападот на шампионскиот прстен.

Да потсетиме, овој трејд доведе и до оној меѓу Шарлот и Феникс, во кој Василије Мициќ заедно со Коди Мартин замина во Аризона, додека меѓу Хорнетс како замена за Вилијамс пристигна Јусуф Нуркиќ.

Share

The post Вилијамс падна на лекарските прегледи – Лејкерси ја поништија размената со Шарлот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK