април 23, 2026

Иако 49-годишната актерка, Дру Баримор, во текот на нејзината кариера бакнувала различни актери на снимања, само една личност е на врвот на таа листа.

За време на гостувањето во „Watch What Happens Live with Andy Cohen“, актерката рече дека тоа е Адам Сендлер.

„Никогаш не сме се забавувале, неговата сопруга Џеки е моја драга пријателка, но сакам да сум во филмови со него, затоа што мислам дека претставуваме нешто поголемо од жешката, сексуална хемија. Претставуваме искрена восхит еден кон друг, рече Баримор.

Покрај тоа што беа долгогодишни пријатели, Сендлер и Баримор глумеа заедно во филмовите „The Wedding Singer“ (1998), „50 First Dates“ (2004) и „Blended“ (2014).

Баримор еднаш откри дека Сендлер и е „филмска сродна душа и најдобар партнер на снимањата“.

Баримор зборуваше и дека сака да сними уште еден филм со него, бидејќи поминаа повеќе од 10 години од снимањето на последниот филм и тврди дека тоа ќе ја израдува.

Текстот Дру Баримор откри кој од нејзините колеги најдобро се бакнува: „Имаме повеќе од сексуална хемија“ е превземен од МАКФАКС.

Share

The post Дру Баримор откри кој од нејзините колеги најдобро се бакнува: „Имаме повеќе од сексуална хемија“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK