април 23, 2026

Полицијата во јужниот индиски град Бангалор ја прекина улична свирка на британската поп ѕвезда Ед Ширан, велејќи дека тој ги нема потребните дозволи, објави во понеделникот Би-би-си.

Видеото на кое се гледа како локален полицаец го исклучува микрофонот на Ширан на прометната улица во Бангалор стана вирално на социјалните мрежи.

Официјални лица изјавија за новинската агенција АНИ дека барањето на тимот на Ширан да свири на улица било одбиено за да се избегне метеж во областа.

Но, Ширан на Инстаграм рече дека „имале дозвола да свират“.

„Затоа, нашето свирење на таа локација беше однапред договорено. Не случајно се појавивме таму. Но, сè е во ред. Се гледаме вечерва на концертот“, додаде тој.

Share

The post (Видео) Полицијата во индискиот град ја растури уличната свирка на Ед Ширан, снимката стана вирална appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK