април 24, 2026

Полициски началник од Кавадарци вчера бил истепан во дискотека додека правел проверки за дилање дрога. Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против две лица за кривичното дело Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383, став 2, во врска со став 1 од Кривичниот законик.

На 15 февруари во раните утрински часови во дискотека во Кавадарци двајцата соизвршители осомничени за ова кривично дело нападнале полициски началник кој во моментот бил на должност и постапувал за откривање на сторители на недозволена трговија со дрога.

„Кога во дискотеката го забележале началникот, на кого и претходно му упатувале заканувачки пораки преку други лица, осомничените на возраст од 31 и 33 години започнале да го туркаат и да го удираат со боксови по главата и телото, при што му ја скинале облеката и му нанеле повеќе повреди, односно набиеници и расекотини“, велат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничените. Предлогот е прифатен и судот им определи притвор во траење од осум дена.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK