април 24, 2026

Манчестер јунајтед во Лондон, против Тотенхем, го доживеа 12.пораз во Премиер лигата од почетокот на сезоната.

Тотенхем победи со голот на Џејмс Медисон постигнат во 13.минута.

На прашањето дали е загрижен за својата позиција поради лошите резултати, менаџерот на Јуанјтед Рубен Аморим рече:

„Не сум загрижен. Ги разбирам нашите навивачи, ги разбирам луѓето и медиумите кои размислуваат за тоа. Сакам да го завршам првенството на вистински начин, не сум загрижен за себе, за клубот, за играчите, за тимот. Мразам да губам, тоа е најлошото чувство. Не размислувам за други работи. Она што најмногу ме загрижува е нашата позиција на табелата. Не се грижам за себе“, нагласи Аморим.

Манчестер јунајтед моментално е на 15. место во Премиер лигата.

Share

The post Аморим: Не сум загрижен за мојата позиција, ме загрижува позицијата на табелата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK