април 24, 2026

На 17.02.2025, со судска наредба, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево и Полициското одделение Осломеј извршиле претрес во домовите на И.Џ.(30) и Р.Ч.(22), двајцата од кичевското село Црвинци.

При претресот, во куќата на И.Џ. биле пронајдени и одземени пиштол „Екол Фират Компакт” и рамка за пиштолот. Додека, при претрес во домот на Р.Ч. бил пронајден и одземен ловечки карабин.

Лицата биле лишени од слобода и по целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK