март 15, 2025

Општина Центар успешно ја спроведе акцијата за собирање кабаст отпад, реализирана во периодот од 15 до 20 февруари на три локации, улиците „Загребска”, „Костурски херои” и „Пролет”.

Вкупно беа собрани: 17 тони кабаст отпад, претежно мебел, врати, градежен шут, прозори, паркети и ламинат.
На секоја од трите локации беа поставени контејнери за кабаст отпад, каде секојдневно во раните утрински часови истиот беше собиран од службите на општината.

„Ги повикувам граѓаните и понатаму да бидат совесни и да го фрлаат отпадот на соодветните места. Да продолжиме заедно и одговорно да се грижиме за нашиот Центар”, порача градоначалникот Герасимовски.

Акцијата продолжува и во следните два месеци, во периодот од 15 до 20 март и април, на локации за кои навремено ќе информира Општина Центар

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK