Фудбалерите на Лестер успеаја да постават негативен рекорд во Премиер лигата.
Поразот од Брентфорд (0:4) на стадионот „Кинг Пауер“ беше шести последователен за Лестер без постигнат гол во Премиер лигата. Лестер на овие шест натпревари прими дури 15 гола.
Серијата порази ја започнаа против Вулверхемптон (0:3), па загубија четири меча во низа со резултат 0:2 од Сити, Кристал Палас, Фулам и Арсенал и на крајот од Брентфорд.
Како што стојат работите, Лестер ќе се врати во Чемпионшип, а не е невозможно Руд ван Нистелрој да добие отказ и пред завршувањето на сезоната.
Лестер е претпоследен со 17 бода, иако „Волците“ кои се над линијата имаат само два повеќе.
The post Негативен рекорд во Премиер лигата постави Ван Нистелрој со Лестер appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде