март 18, 2025 10:39:18 AM

Денеска, екипата на Општина Центар, предводена од градоначалникот Горан Герасимовски издвојува победа против екипата на Општина Кисела Вода, на ревијалниот натпревар во рамки на 41-те Маџирмаалски средби.

„Игравме фанта – стара, но добро зачувана игра, со што ја негуваме традицијата и спортскиот дух на нашата заедница. Гордост ми е што и оваа година сме заедно на овие прекрасни Маџирмаалски средби! Нашата традиција живее преку спортот, дружбата и заедништвото, а мојата поддршка ќе продолжи и во иднина. Изненаден сум од оваа позитивна енергија, од ова другарство и од целокупната организација, ви симнувам капа. Да славиме уште многу години! Да сте ми живи и здрави, мои Центарци, мои Маџирмаалци!”, истакна Герасимовски.  

Маџирмаалските средби, по 41-ви пат почнаа вчера, традиција којашто се одржува со децении и го чува духот на Маџир Маало, како едно од најстарите и најавтентичните скопски маала. На самото отворање, Герасимовски потенцираше дека има голема чест што заеднички со маџирмаалците се одбележуваат овие денови. 

 „Маџир Маало е едно од најстарите и најавтентичните скопски маала – место со душа, каде што се чувствува посебната магија на градот. Нека оваа прекрасна традиција продолжи уште многу години!”, рече Герасимовски. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK