март 18, 2025

Наскоро на продажба ќе биде даден одземениот имот на поранешниот премиер Никола Груевски и на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, а проценетата вредност на имотите е околу 29 милиони евра, информира Агенцијата за управување со одземен имот, јавува МКД.Мк..

На продажба ќе се најдат станови, апартмани, гаражи, деловен простор и градежно земјиште.

Овие имоти на Груевски и на Мијалков им беа одземени во неколку судски процеси против нив. Ќе се продаваат станови на улицата „Бихаќка“, апартмани во „Панорама резиденс“, станови во Охрид, плацеви на Водно, во Центар…

Во првата продажба на одземениот имот на Мијалков фирмата на неговиот син Јордан Мијалков, „Бест веј инвестментс“ за околу 300.000 евра ги купи трите стана и една гаража на Водно, потсетува МКД.Мк.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK