СВР Тетово поднесе кривична пријава против седум лица, вработени во Центарот за социјални работи Тетово, поради постоење основи на сомнение за злоупотреба на службената положба, несовесно работење и фалсификување документи, со што овозможиле незаконска исплата од 289.495 денари.
Како била извршена злоупотребата?
- И.Е. (42) од с. Пршовце, изготвил записник со кој незаконски се овозможила ретроактивна исплата на средства на едно лице од Тетово.
- А.Х. (45), Б.И. (45), Т.С. (62), Д.О. (59) и Б.А. (46), сите од Тетово и околината, во различни улоги дозволиле злоупотреба на службената положба. Некои од нив пропуштиле да извршат контрола, додека други ја ставиле на располагање својата службена шифра и печат, со што биле одобрени нелегалните исплати.
- Шестопријавениот, директорот на Центарот, не покренал постапка за утврдување одговорност иако постоеле индиции за злоупотреба.
- Седмопријавениот потпишал и заверил документ во име на лице кое веќе било во пензија, овозможувајќи незаконско користење на социјални права.
Пријавените се товарат за:
- Злоупотреба на службената положба и овластување
- Несовесно работење во служба
- Посебни случаи на фалсификување исправи
Овој случај ја потврдува потребата од построги механизми за контрола во институциите кои управуваат со јавните средства. Надлежните органи продолжуваат со истрагата.
Следете не, не има насекаде