март 23, 2025

Арсенал не се откажува од борбата за титулата во Премиер лигата.

Така барем вели Микел Артета, иако предноста на Ливерпул е огромна. „Црвените“ имаат 11 бода и меч повеќе од Арсенал на девет кола пред крајот на првенството.

„Нема откажување од борбата за титулата. Само преку мене мртов“, истакна шпанскиот стручњак, а потоа дополнително објасни: „Ако престанам да верувам, ќе си одам дома. Математички се уште е можно“.

Арсенал во среда гостува кај Нотингем Форест во вонредно коло, додека лидерот Ливерпул го пречекува Њукасл.

Share

The post Артета: Не се откажуваме од борбата за титулата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK