април 22, 2026

Без вода денеска од 10 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Максим Горки“ во Општина Центар. 

Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“, прекинот е поради изведување водоводен приклучок од ф–100 милиметри на улица „Максим Горки“ бр. 13 во населба Центар.

Поради технички зафат на санација на затварачи од ф–300 милиметри и ф-125 милиметри на булевар „Митрополит Теодосиј Гологанов“ спроти Реплек, во периодот од 02:00 часот па се до завршување на работата без вода ќе останат корисниците од населбата Тафталиџе 2 и дел од корисниците од улицата „Јуриј Гагарин“ во општина Карпош. 

Без електрична енергија денеска од 8:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Димо Хаџи Димов“ лоцирани кај агенцијата „ОСА“ во општина Кисела Вода. 

Во периодот од 9:30 до 14:30 часот без струја ќе бидат дел од корисниците од улиците „Веле Марков“ и „Кичевска“ во општина Ѓорче Петров.

Без струја од 12:00 до 14:00 часот ќе бидат корисниците од улицата по гробиштата во Марино кон населба Јака, Општина Илинден.  

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекините се поради планирани технички зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK