април 19, 2026

Наставничка од основно училиште во Шуто Оризари пријавила дека во текот на вчерашниот ден била нападната од страна на родителите на нејзина ученичка.

МВР во полицискиот билтен, за случајот, информира дека 48-годишната наставничка била нападната од родителите во училницата во која држела час, а подоцна и во канцеларијата на педагогот.

Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Исто така вчера, дете било нападнато од страна на негов соученик во основно училиште во Чаир.

Случајот бил пријавен од мајката на нападнатото момче.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK