Тежок инцидент се случи во Нови Сад, на стадионот „Караѓорѓе“, по завршувањето на натпреварот Војводина-Спартак (1:3).
Веднаш по завршувањето на натпреварот се случи жестока тепачка меѓу две франкции на навивачите на Војводина.
Во пресметката на навивачките франкции, летаа столици и пиротехнички сретства, поради што мораа да интервенираат редарите и полицајците.
Според српските медиуми едно момче завршило на Одделението за реанимација во болницата во Нови Сад.
Веднаш по натпреварот тренерот на Војводина, Ненад Лалатовиќ поднесе оставка на функцијата.
The post Хаос во Нови Сад, се тепаа две групи навивачи на Војводина appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
