Фото/ kfsm.mk
Кошаркарската репрезентација на Македонија од вториот шешир ќе го чека извлекувањето на групите за претквалификациските групи за СП 2027 година. Извлекувањето на групите ќе се одржи на 14 март.
Репрезентациите ќе бидат извлечени во четири групи, а двете најдобри селекции од секоја група ќе се пласираат во европските квалификации. Тие ќе им се приклучат на репрезентациите (24) кои ќе учествуваат на овогодинешниот Евробаскет, за кој македонската кошаркарска репрезентација не успеа да се пласира.
Секоја екипа ќе одигра по четири натпревари, два дома и два на гости, а овие натпревари ќе се одиграат во периодот од 2. до 13. август годинава.
Првата група:
Хрватска
Украина
Унгарија
Бугарија
Втора група:
Холандија
Македонија
Данска
Словачка
Трета група:
Швајцарија
Романија
Австрија
Норвешка
The post Македонските кошаркари во вториот шешир за претквалификациската ждрепка за СП 2027 година appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде
